Вирц останува верен на Баер до 2027 година

Вирц

Талентираниот фудбалер Флориан Вирц нема да ја менува средината и уште долго време ќе остане во дресот на Баер Леверкузен.

Моментално 19-годишникот заздравува од тешка повреда. Меѓутоа тоа не беше пречка клубот да му покаже дека во него гледа како иден лидер на првата екипа. Тинејџерот потекнува од школата на Келн. Меѓу „фармацевтите“ пристигна пред две години и покажа дека се работи за голем талент во офанзивниот дел од играта.

Вирц лани дебитира за репрезентацијата на Германија, а претходно ги помина сите младински категории.