Вирц: Не ми се допаѓаат шпекулациите, немам посебни барања од Ливерпул!

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, за германските медиуми изјави дека нема никакви посебни барања во преговорите со Ливерпул и замоли да не се шпекулира на оваа тема. 

Веќе е познато дека Германецот е најблизу до потпис со актуелниот англиски шампион, но побара да сопрат сите наводи додека трансферот не се реализира. 

„Се наоѓаме во период кога многу се шпекулира. Искрено, тоа воопшто не ми се допаѓа. Некој пишува дека имам посебни барања околу провизиите за агентите, но тоа нема врска со реалноста.

Читав и дека сум го барал дресот со бројот десет, а навистина не знам од каде им се овие информации.

Јас официјално сум уште играч на Баер, посакувам да сопрат сите шпекулации за време на преодниот рок. Наскоро ќе дознаете конкретни информации“, рече Вирц.  

Преговорите меѓу Баер Леверкузен и Ливерпул се во тек. Бундеслигашот бара огромна сума од 150 милиони евра, па се претпоставува дека токму тука се „кршат копјата“ за евентуалнот трансфер на Вирц во Англија.  

ФОТО/PHOTO: Bundesliga

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.