ВИДЕО: „Виолетовите“ се разбудија, Фиорентина едвај го надигра Кротоне

Уште од последниот натпревар во 2021 година и победата во Торино против Јуве, Фиорентина на Прандели не знаеше за победа во официјален натпревар во новата година. И во претпоследниот натпревар во јануари, „виолетовите“ го скршија малерот и го совладаа тимот на Кротоне со 2-1 (1-0), во последното есенско коло на Серија А.

  • Извештај од натпреварот: 

Победникот беше решен уште во првото полувреме, откако Бонавентура во 20. минута го отвори резултатот, а само 12 минути подоцна, Србинот Влаховиќ зголеми на 2-0. Иако домаќините имаа уште неколку шанси во првиот дел, не го затворија прашањето на победникот и во вториот дел нивната игра падна.

Африканецот Сими во 66. минута го врати Кротоне во натпреварот, намалувајќи на 2-1. Тимот на Стропа доби на самодоверба и до крајот креираше неколку шанси за израмнувачки погодок. Сепак, „виолетовите“ го успорија ритамот и стигнаа до значаен триумф.

Со оваа победа Фиорентина скокна на 12. место со 21 бод, а Кротоне останува последен, на 20-тата позиција со само 12 бода.