• Саше Љолес
Винициус Жуниор повторно се најде во центарот на расистички скандал. Бразилската ѕвезда постигна спектакуларен погодок за водство од 0-1 против Бенфика, но веднаш потоа доби провокација од противничкиот играч, Џанлука Престиани.
Аргентинецот го стави дресот преку лицето и веројатно упати навредливи зборови за Винициус, кој дотрча до судијата Франсоа Летексие и бараше санкција. Целата клупа на Реал Мадрид втрча во теренот, а Винициус во еден момент одби да игра и седна на клупата.
Прекинот траеше подолго време, а не вродија со плод ниту молбите и смирувачките пораки на Жозе Мурињо, кој се обиде да ја исконтролира ситуацијата.








