• Саше Љолес

Винициус Жуниор беше трагичар за својот Бразил откако промаши пенал на гостувањето во Венецуела во квалификациите за следниот Мундијал, но исто така направи и мал скандал во кој упати погрдни зборови кон еден од судиите на натпреварот.
Ѕвездата на Реал Мадрид повторно покажа дека не може да ги контролира неговите емоции и го истури гневот кон судијата, по што веројатно ќе следува и соодветна казна, во зависност од „тежината“ на упатените навреди.
Vinícius Jr. was insulting the linesman, and Raphinha had to drag him away. Raphinha is captain material; he deserves to wear the Brazil armband toopic.twitter.com/WsVZ8why3S
— Anabella(@AnabellaMarvy) November 15, 2024
Инцидентот секако беше уловен од камерите, каде јасно се гледа како Винициус се „истура“ врз помошникот-судија, а неговата фрустрација во најголема мера доаѓа од ремито на неговиот тим против Венецуела и промашениот удар од белата точка.