ВИДЕО: Винициус не е Нејмар - светот му се смее на Бразилецот за неуспешната „ламбрета“!

Трикот „ламбрета“ е карактеристичен за бразилските фудбалски виртуози. Некогаш Роналињо, Жалмиња и Робињо, денес Нејмар и Винициус го практикуваат трикот кој може да ги направи дефанзивеците смешни, но ако не ви успее, трикот може и вас да ве посрамоти.

Таков сеир социјалните мрежи си играат со младиот бисер на Реал Мадрид, Винициус Жуниор. на Куп-напреварот со третолигашот Мелиља, Бразилецот крај аут линија се обиде да изведе „ламбрета“, но предизвика насмевки меѓу гледачите на „Сантијаго Бернабеу“.

Погледнете ја неуспешната „ламбрета“ на Винициус Жуниор:   

Реал Мадрид ја совлада Мелиља со 6-1 и обезбеди осминафиналето на Купот на Кралот. Ждрепката за следната фаза ќе се одржи во Мадрид на 13 декември во 16:00 часот.