Винициус играч на сезоната во ЛШ, Белингем најдобар млад фудбалер

Реал Мадрид ги собра и индивидуалните награди по освојувањето на Лигата на шампионите. УЕФА два дена по финалето реши да ги прогласи најдобрите на индивидуален план.

За најдобар играч оваа сезона во елитното натпреварување е избран Винициус Жуниор. Бразилецот во дресот на Реал Мадрид даде шест гола, а запиша и пет асистенции. Дел од погодоците беа во клучни моменти и поради тоа го понесе ова признание. 

Во дебитантската сезона за Реал блесна и младиот Џуд Белингем. Поради тоа тој беше избран за најдобар млад фудбалер во Лигата на шампионите. Англичанецот даде четири гола и придонесе за уште пет со асистенции до соиграчите. 

Во финалето против Борусија победата на Реал значеше петнаесетти трофеј во ова натпреварување.