ВИДЕО: Винициус и Одегард го измешаа Модриќ на мал простор

Винициус и Одегард

Победникот во Лигата на шампионите во последните три сезони, Реал Мадрид, се подготвува за претстојниот европски Суперкуп, во кој ќе ја брани титулата против градскиот ривал, Атлетико Мадрид.

Заедно со новото засилување, Тибо Куртоа и повратникот Лука Модриќ, избраниците на Јулен Лопетеги тренираат во „Валдебебас“ во пресрет на дуелот закажан во Талин на 15 август. 

Одлично расположение можеше да се забележи денес, особено на лицата на Винициус Јуниор и Мартин Одегард, кои беа расположени за надигрување.

Во една акција, двајцата фудбалери си поиграа со Модриќ како со мало дете и му ја сокрија топката на мал простор.