„Винициус е без мозок, а игра за најголемиот клуб на планетата!“

Поранешниот скаут на Реал Мадрид, Маноло Ромеро, жестоко го критикуваше Винициус Жуниор по драматичната елиминација на шпанскиот гигант од Баерн Минхен во Лигата на шампионите.

Искусниот Ромеро ја доведе во прашање фудбалската интелигенција на Бразилецот откако европската сезона на Реал заврши со пораз од вкупен резултат 6-4. Тој ја обвини неефикасноста на Винициус како главна причина за неуспехот, истакнувајќи дека тимот страдал поради неговите лоши завршници.

„Колку емисии сум посветил на тоа дека треба да работи на завршницата, дека треба да работи на својата глава? Гледам дека мозокот на Винициус не работи. На тоа мора да се работи. Тоа е реалноста.

Прво, мора да доведеме играчи кои имаат мозок. Уморен сум од безмозочни играчи кои го носат најпознатиот дрес во историјата на фудбалот“.

Реал Мадрид беше елиминиран во четвртфиналето, откако Баерн победи и на реваншот со 4-3, благодарение на головите на Мајкл Олисе и Луис Диаз во самата завршница.