„Вини само го допре, а Димитриевски падна како да го удрил Мајк Тајсон“

Винициус Јуниор повторно е во фокусот на фудбалската јавност и тоа повторно заради негов конфликт со противнички играч. Во полуфиналето од Суперкупот на Шпанија, бразилскиот офанзивец беше во „војна“  со десниот бек на Мајорка, Мафео, но караницата за среќа не заврши со никакви последици.

Англиската легенда и поранешен член на Реал Мадрид, Стив МекМанаман, го коментираше конфликтот меѓу Вини и Мафео, а даде и свое мислење за судирот на Бразилецот со нашиот Столе Димитриевски пред неколку дена. 

„Реакцијата на Мафео е одвратна и смешна. Тоа е срамно. Што прави тој? На последниот натпревар во Примера, Винициус го допре Столе Димитриевски околу вратот и голманот на Валенсија падна како да го удрил Мајк Тајсон. Тоа е патетично“, рече МекМанаман. 

Винициус поради конфликтот со Столе заработи црвен картон и суспензија од два натпревари.