• Иван Димовски
Фудбалерите на Реал Мадрид и Баерн Минхен одиграа интересен прв четвртфинален меч во Лигата на шампионите, а баварците заминаа со предност од 1-2 од Мадрид.
Во центарот на вниманието по натпреварот се најде Винициус Жуниор, но не поради настапот, туку поради ситуација која потсети на неговите потези од полуфиналето во 2024 година.
Тогаш Бразилецот правеше сè што може за да одолговлекува време од играта против Баерн, а сега му се врати на сличен начин. Мајкл Олисе користеше идентични трикови за да „краде“ време, што предизвика нервоза кај крилото на Реал.
Реваншот во Минхен се игра следната среда и ќе го даде патникот во полуфиналето.





