Вини го пропушта „Ел Класико“ заради глупоста против Виљареал?

Винициус Жуниор ризикува да го пропушти претстојниот дуел против Барселона. На дуелот меѓу Реал Мадрид и Виљареал, Бразилецот доби директен црвен картон во 72. минута по интервенција на ВАР-собата. Причина за исклучувањето беше инцидент во кој тој го повлече противничкиот играч за коса додека топката не беше во непосредна игра.   

Секој директен црвен картон во Примера носи автоматска суспензија од најмалку еден натпревар. Бидејќи инцидентот е класифициран како неспортски потег (насилно однесување без игра со топка), Дисциплинската комисија на лигата може да му изрече казна од два или повеќе натпревари.

Доколку добие казна од два или повеќе меча суспензија, тој покрај следниот првенствен натпревар ќе мора да го пропушти и дербито против Барселона. Винициус веќе се извини за својот потег преку социјалните мрежи, а конечната одлука за должината на суспензијата треба да ја донесе Дисциплинската комисија.