ВИДЕО: Винчиќ го моли Меси да го „контролира“ Паредес во финалето на СП!

Пред речиси еден месец во Њујорк се одигра финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Шпанија, во кое „Црвената фурија“ славеше со минимални 1-0 во продолженијата.

Натпреварот му припадна на словенечкиот судија Славко Винчиќ, кој имаше исклучително тешка задача поради големиот број остри дуели и неспортски потези од аргентинските фудбалери.

Еден од играчите кои најмногу правеле проблеми бил Леандро Паредес. Тој влезе во игра на полувремето, а по само неколку остри стартови Винчиќ му покажа жолт картон во 52. минута.

Сега се појави видео на кое се гледа како словенечкиот судија во неколку наврати го предупредува Лионел Меси да внимава на Паредес и да се обиде да го смири.

„Меси, контролирај го Паредес. Има жолт картон. Те молам, контролирај го“, му порачувал Винчиќ на капитенот на Аргентина.

Колку бил оправдан стравот на судијата се покажа по натпреварот. Паредес влезе во физички конфликт со шпанските фудбалери, го фати Ерик Гарсија за врат, го турна Гави, а потоа продолжи со удари.

Поради инцидентите по финалето, ФИФА покрена дисциплинска постапка, па аргентинскиот фудбалер може да биде дополнително санкциониран.

Аргентина на крајот го заврши мечот со десетмина, откако Енцо Фернандез беше исклучен во судиското продолжение поради втор жолт картон.