Винченцо Монтела останува селектор на Турција до 2028 година

Турската фудбалска федерација потврди дека Винченцо Монтела останува селектор на националниот тим и се обврза на нова соработка, овој пат со важност до 2028 година. 

Италијанскиот стратег бележи големи успеси со националниот тим, го одведе до четвртфиналето на минатото Европско првенство, па затоа новиот договор е сосема логичен и очекуван. 

Монтела седна на клупата на Турција во 2023 година и оттогаш постигна значителни резултат. Репрезентацијата ја очекуваат мундијалските квалификации кои ќе започнат во септември. 

ФОТО/PHOTO: TFF - Turkish Football Federation