• Иван Димовски
Фудбалерите на Виљареал продолжуваат со одличните настапи во шпанската Примера и со нова победа останаа во трката со великаните. „Жолтата подморница“ славеше над Хетафе со 2-0 во натпреварот од 15. коло.
- Виљареал - Хетафе 2-0:
Виљареал стигна до шестата последователна победа во домашното првенство, со што има само еден бод помалку од Реал Мадрид и два помалку од лидерот Барселона. Избраниците на Марселињо Гарсија Торал го решија прашањето за победникот со головите на Тајон Бјукенен и Ѓиорѓи Микаутадѕе, кои беа клучните фигури во новиот триумф на Виљареал.
Минимална, но многу значајна победа забележа и Алавес, кој на домашен терен го совлада Реал Сосиедад со 1-0. Единствениот погодок на натпреварот беше постигнат од белата точка во судиското продолжение на првото полувреме, а стрелец беше Лукаc Бојe.
- Алавес - Реал Сосиедад 1-0:
Со оваа победа Алавес го прескокна својот ривал на табелата и сега со 18 бодови се наоѓа на деветтата позиција, додека Сосиедад со 16 бодови падна на дванаесеттото место.
- Овиедо - Мајорка 0-0:
Колото беше отворено вчера со ремито без голови меѓу Овиедо и Мајорка (0-0).





