ВИДЕО: Виљареал слави на „Монтиливи“, баскиското дерби без победник

По неколку несреќни порази или нерешени резултати со примен гол во последната минута, Виљареал забележа победа во натпревар за бодови во Примера. „Жолтата подморница“ славеше во дуелот против Џирона на „Монтиливи“ со 0-1 (0-1).

Единствениот гол го постигна Самуел Чуквуезе уште во седмата минута.

Баскиските ривали Реал Сосиедад и Еибар играа без победник, 1-1, а головите ги постигнаа Хуанми за домаќините и Жордан Морено за гостите.   

  • Џирона - Виљареал 0-1:

  • Реал Сосиедад - Еибар: 

Последниот денешен натпревар од 32. коло го играат градските ривали Валенсија и Леванте, а утре се среќаваат мадридските клубови Леганес и Реал Мадрид.