ВИДЕО: Виљареал на специјалистот Емери ќе игра историско финале во ЛЕ!

Фудбалерите на Виљареал го преживеаја Лондон и „Емирати“, откако одиграа реми без голови кај Арсенал (0-0), што беше доволно за финале во Лигата на Европа. „Жолтата подморница“ имаше гол предност од Шпанија, одигра добро и храбро и во Англија, но Арсенал ќе има за што да жали, особено Обамејанг кој имаше две стативи. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првата закана на „Емирати“ ја имаше Чуквуеѕе, откако се ослободи од својот чувар и го изненади Лено со удар откосо, но Германецот успеа да одбрани. Виљареал беше екипата која диктираше темпо, а Арсенам мудро и трпеливо ги чекаше своите шанси. Во првото полувреме најдобрата можност за да го отвори резултатот ја имаше Пјер Емерик Обамејанг, откако без размислување со надворешниот дел од копачката, атрактивно биеше и ја стресе стативата, па немаше промена на резултатот. 

На стартот од продолжението, Арсенал мораше повеќе да ризикува па веднаш по голот на Рули се заканија Пепе и Смит-Роув, но нивните удари завршија за малку крај стативите. Ниту Виљареал не беше доволно конретен за да го натера Лено да ја вади топката од мрежата, а како истекуваа минутите Арсенал беше се поофанзивен. 

Заканата на Роб Холдинт заврши малку над пречката, а Обамејанг не искористи круцијална шанса и втор пат ја стресе стативата. Рули го бранеше голот на Виљареал и не дозволи гол во својата мрежа, иако „топџиите“ имаа доста шанси и во финишот целосно го притиснаа ривалот. 

Унаи Емери уште еднаш покажа дека е специјалист за Лигата на Европа, а Виљареал ќе игра прво и историско финале во ова натпреварување.