ВИДЕО: Виљареал имаше среќа, судијата му прости црвен картон на Фојт

Шо

ВАР-технологијата ги погоди речиси сите моменти од вчерашното финале во Лига Европа.

Сепак, остана дилема околу еден момент, кој ги вклучи Хуан Фојт и Лук Шо. Фудбалерот на „жолтата подморница“ направи фаул кој можеби требаше да се санкционира со исклучување.

Меѓутоа судијата и неговите помошници одлучија да не даваат црвен картон поради овој старт.

Се играше 84. минута, а фановите на Манчестер Јунајтед се незадоволни, бидејќи нивниот тим ќе имаше предност до крајот на регуларниот дел и продолженијата.