ВИДЕО: Виљареал ѝ даде четири гола за ОСУМ минути на Мајорка

Фудбалерите на Виљареал го одиграа најдобриот натпревар оваа сезона во Примера и пред својата публика го посрамотија финалистот на Купот на Кралот од минатата година, тимот на Мајорка со 4-0 (4-0), во последниот натпревар од 20. коло во шпанскиот шампионат. 

Дербито за Европа во целост мина во знакот на фудбалерите на „жолтата подморница“, а домаќините особено беа расположени во периодот од 20. до 28 минута во кој постигнаа дури четири гола. Прв мрежата на Мајорка ја затресе Коста, а на 2-0 зголеми Алекс Баена. Во 26. минута Дани Парехо зададе нов удар за дефанзивците гостинската екипа, додека две минути подоцна Јереми Пино се погрижи за убедливи 4-0, резултат со кој се замина на одмор.

Во вториот дел Виљареал искусно го сочува високото водство и забележа значајна победа во трката за европски натпревари во следната сезона. 

Состави

Нема податоци за овој натпревар

Marcelino

    Jagoba Arrasate