• Зоран Мишевски
Феноменалниот Виљареал игра една од најдобрите сезони во последните десет години. „Жолтата подморница“ славеше во Билбао со 1-2 и со тоа е многу, многу блиску до место во Лигата на шампионите, бидејќи има петнаесет бода повеќе од Бетис, кој е на петтото место.
Во 26. минута гостите поведоа. Одличен контранапад повлече Олувасеџи, веднаш ја испрати топката до Кардона, кој постигна фантастичен гол со лоб удар за 0-1. Следуваа неколку шанси за двете страни до полувремето, но гостите повторно беа тие што ја затресоа мрежата. Овој пат голема грешка направи Лекуе, тој му ја подари топката на Гонзалез, а овој постигна гол за 0-2.
- Атлетик Билбао - Виљареал 1-2:
Гурузета им дава надеж на домаќините дека барем можат да освојат бод. По одлична акција по левата страна, Берчиче го најде Гурузета, кој постигна гол за 1-2. Гостите успеаја да постигнат уште еден гол преку Пепе, но беше поништен поради офсајд.
- Селта Виго - Овиедо 0-3:
Голем чекор кон опстанокот направи Овиедо, кој славеше во Виго против Селта со 0-3. Федерико Вињас постигна два, а Кампос еден погодок.







