Виљареал епски го посрамоти шпанскиот клупски фудбал!

Виљареал доживеа вистински кошмар на домашен терен, откако беше декласиран од Пари Сен Жермен со убедливи 0-6 во четвртото коло од Лигата на шампионите. Резултатот не е само тежок удар за „жолтата подморница“, туку и историски дебакл за шпанскиот клупски фудбал.

Ова е најтешкиот домашен пораз на еден шпански клуб во историјата на европските натпреварувања. Парижаните уште во првото полувреме ја завршија работата, постигнувајќи четири гола за само седум и пол минути, што претставува нов рекорд во Лигата на шампионите.

Иако ПСЖ настапи без неколку важни фудбалери, меѓу кои Квича Кварацхелија, Усман Дембеле, Нуно Мендеш и Маркињос, разликата на теренот беше огромна. Виљареал немаше одговор за налетите на европскиот шампион, а погрешната тактичка поставеност дополнително ја олесни работата на гостите.

Колку е тежок овој пораз покажува и историскиот контекст. Виљареал се приклучи на листата на шпански клубови кои доживеале некои од најголемите европски дебакли, но досега ниту еден од нив не загубил со шест гола разлика на домашен терен во европските натпреварувања.

Најтешките порази на шпански клубови во европските натпреварувања:

•    1958 – Реал Мадрид – Севиља 8-0
•    1975 – Ливерпул - Реал Сосиедад 6-0
•    1993 – Карлсруе – Валенсија 7-0
•    2020 – Барселона - Баерн Минхен 2-8
•    2026 – Виљареал - Пари Сен Жермен 0-6

Состави

Иниго Перез

4-4-2

    Луис Енрике

    4-3-3