ВИДЕО: Виљареал доминираше, ама Осасуна од две шанси до голема победа во Примера

Серијата резултати без пораз на Виљареал заврши, откако освојувачот на Лигата на Европа вечерва потфрли во напаѓачката линија и пред своите навивачи и го загуби натпреварот со Осасуна со минимални 1-2 (0-1).

  • Извештај од натпреварот: 

„Жолтата подморница“ го одигра можеби најдоминантниот натпревар оваа сезона, затоа што имаше 72% посед на топката и испрати 12 удари кон голот на противникот, но бадијала кога оние кое се задолжени за голови не беа на потребното ниво.

Осасуна на најдобар можен начин го искористи тоа и од единствените два директни удари кон домашниот гол стигнаа до посакуваната победа. Првиот погодок го постигна Торо во 26. минута, додека по израмнувањето на Морено, Авиља во 87. минута донесе шок за домашните фанови и конечна победа на својата екипа од 1-2.

Во следното коло, Осасуна својата четврта победа во низа ќе ја брка на свој терен против Гранада, додека Виљареал е пред нов тежок испит и дуел со Атлетик Билбао.

Состави

Унаи Емери

4-3-3

    Jagoba Arrasate

    4-5-1