Виљареал брани минимална предност на „Емирати“

Доста доброто издание на Виљареал во првиот натпревар од полуфиналето на двомечот, делумно го расипа падот во завршницата на мечот кој Арсенал го искористи и успеа да ја намали негативата, па лондонската пресметка ќе ја дочека со пораз од 1-2.

Погодоците на Тригерос и Албиол ги фрлија „топџиите“ на колена, меѓутоа минималниот пад на концентрацијата на Шпанците ги чинеше пенал и гол на Пепе со кој избраниците на Микел Артета се вратија во игра за финале. Расплетот во првиот меч, иако донесе предност за Виљареал, не ги реши дилемите кога се говори за патникот во наредната фаза, па Унај Емери во првиот натпревар по враќањето на „Емирати“, каде работеше како тренер од јули 2018 до ноември 2019 година, ќе има за задача да остане непоразен против поранешниот тим.

Сите квоти на MOZZART за натпреварот Арсенал - Виљареал >>> 

Секако, прифатливо сценарио за Шпанците би бил и пораз со гол разлика во случај макар два пати да го матираат Лено, меѓутоа извесно е дека „жолтата подморница“ нема лондонскиот меч да го отвори со цел да брани гол предност стекнат на Пиринеите.

„Арсенал излезе жив и во костум по првиот натпревар. Требаше да ги исфрлиме уште во првото коло”, кажа Емери пред новиот предизвик.  Со сонародникот се согласи и Шпанецот на клупата на премиерлигашот Микел Артета кој истакна дека неговиот тим има реални шанси во преостанатите 90 минути.

„Ако мора да бирате резултат со кој ќе загубите, тогаш 1-2 е идеалната опција. Убеден сум дека имаме на што да се надеваме на свој терен", изјави Артета.

Двата тима меѓу двете пресметки успешно ги скокнаа пречките во домашните првенства, Виљареал си додаде три бода против Хетафе, додека Арсенал го однесе целиот плен од гостувањето кај Њукасл (2-0). Добрите неделни изданија се повод за задоволство кај Артета и Емери, меѓутоа кадровските проблеми на двата тренери разбудија искушенија во првиот дуел, па покрај Лаказет и Тирни од конкуренција кај домашните ќе испадне Себаљос, можеби и Луиз, додека во Виљареал суспендиран е Капуе.

Сите квоти на MOZZART за полуфиналните реванши во ЛЕ >>>

Победата на „жолтата подморница“ во првиот меч освен што донесе комфор кај шпанскиот претставник пред реваншот претставуваше и прекин на серијата без триумф во меѓусебните пресметки за Виљареал. Арсенал на претходните двомечови, одиграни во 2006 и 2009 година во Лигата на шампионите двапати излезе како победник преку исто сценарио – победа во Лондон и реми во Шпанија.

Победникот од двомечот ќе се пласира во финалето каде го очекува подобриот од средбата меѓу Рома и Манчестер Јунајтед, а додека за Арсенал пласман во наредната фаза ќе биде добра шанса за поправен, поради фактот дека во сезоната 2018/19 застана на чекор од пехарот, за Виљареал евентуално финале би било прво во клупската историја во најквалитетните натпреварувања на УЕФА.