• Зоран Мишевски
Иако стигна до уште едно европско финале, англиската фудбалска репрезентација остана без титулата. Пред три години во Лондон, подобри изведувачи на пенали беа Италијанците, а вечерва во Берлин, младата шпанска селекција извојува победа од 2-1 и по четврти пат се искачи на европскиот врв.
Еден од стрелците во финалето беше Нико Вилијамс, кому му припадна признанието за најдобар фудбалер на финалниот натпревар. На средбата со новинарите фудбалерот на Атлетик Билбао рече:
„Оваа екипа е уникатна. Не загубивме ниту еден натпревар, секогаш верувавме во оваа титула и пресреќен сум што им ја подаривме на нашите навивачи. Уште не сме свесни што остваривме и мислам дека кога утре ќе пристигнеме во Шпанија ќе ни биде појасно.
Ова е одлична година за мене, го освои Купот на Кралот со Атлетик Билбао, а сега титула и со шпанската репрезентација. Сега да уживаме и да прославиме, а потоа да се обидеме да го освоиме и Светското првенство“.
Следното Европско првенство ќе го организираат повеќе земји од Обединетото кралство, а финалето во јули 2028 година ќе се одигра на „Вембли“.