ВИДЕО: Вилијамс херој на ЈАР, фати два пенали против Конго за бронза на АКН

Фудбалската репрезентација на Јужна Африка го освои бронзениот медал на Африканскиот Куп на нации, откако подобро изведуваше пенали од ДР Конго (6-5). Регуларниот тек на мечот и продолженијата од двапати по 15 минути не понудија голови во Абиџан, па средбата влезе во пенал-рулетот кој беше среќен за ЈАР. 

  • Извештај од натпреварот:

Двете селекции имаа по некоја шанса во регуларното време, ама не се залетуваа и не ризикуава премногу. Поради тоа, головите целосно изостанаа, навивачите не гледаа многу атрактивен меч и се играше тензично до самиот крај. 

Во пенал серијата Јужноафриканците влегоа со промашување на Мокоена кој погоди статива. Конго имаше шанса да победи, ама најдобриот фудбалер на репрезентацијата Мбемба од Марсеј не го реализира петтиот пенал. Голманот Вилиамс го скроти неговиот удар, а потоа се истакна и во седмата серија при шутот на Елиа за конечна победа.

Во мечот за трофејот ќе се судрат домаќинот Брег на Слонова Коска и Нигерија.

Состави

Hugo Broos

4-2-3-1

    Sebastien Desabre

    4-3-3