Вилиан се согласил на тригодишна соработка со Арсенал

Вилиан Арсенал

Бразилецот Вилиан ова лето ќе ја промени играчката средина, но ќе остане во Лондон.

Френк Лампард ќе мора да се раздели со својот офанзивец, кој од наредната сезона ќе игра во редовите на Арсенал. Според пишувањата на „ЕСПН“, 31-годишникот прифатил тригодишен договор со „топџиите“.

По седум години на „Стемфорд Бриџ“, бразилскиот фудбалер ќе се раздели со „сините“, откако прифати плата од 110.000 евра во редовите на градскиот ривал.

Микел Артета планира значително да го засили тимот во текот на овој преоден рок. Се шпекулира дека во Лондон ќе пристигне и Филипе Кутињо, со кого моментално се водат преговори. Арсенал ја заврши сезоната со освојување на ФА Купот, а со тоа си обезбеди место во Лига Европа.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.