ВИДЕО: Вилиан и Коста со победа кај Хал, го вратија Челзи во победнички ритам

По победата на Ливерпул против Свонси со пресврт во вториот дел, во попладневните часови се одиграа уште четири мечеви во Премиер лигата, од кои три завршија со реми и една гостинска победа. Фудбалерите на Челзи славеа гостинска победа кај Хал Сити со 0-2 (0-0) и со тоа успеаа да ја прекинат серијата од три натпревари без победа.

Првиот дел помина во мирна и главно игра на средината на теренот. Домаќините беа за нијанса поопасни, за разлика од тимот на Конте, кој во првите 45. минути не успеа да упати директен удар кон домашниот голман.

Во продолжение, фудбалерите на Челзи одиграа фуриозно и во првите 15 минути од второто полувреме направија неколку шанси, најдобрата на Коста во 58. минута, но тој биеше само во стативата. Сепак надмоќноста вроди со плод во 60. минута, откако Вилиан донесе предност од 0-1. Само пет минути подоцна Диего Коста со скоро ист гол како првиот донесе комотни 0-2 за Челзи. До крајот фудбалерите на италијанскиот менаџер едноставно доминираа и освоија заслужени три бода.

Фудбалерите на Вест Хем Јунајтед на домашен терен го пречекаа тимот на Мидлсброу и на крајот одиграа 1-1 (0-0) и уште еднаш ги разочараа своите фанови. По 0-0 на полувреме, на стартот од вториот дел шок за „чеканите“ и водство од 0-1 за Мидлсброу донесе Стуани во 51. минута. Тимот на Билиќ, кој бележи слаби резултати се врати во игра по голот на Паје во 57. минута, откако со прекрасен удар го совлада Валдес за 1-1. Во 68. минута Којате донесе радост за Билиќ, но неговиот гол беше поништен поради офсајд. До крајот домаќините се обидуваа, но не успеаа да постигнат победнички гол.

Во голеадата на „Викериџ Роуд“ домашниот Ватфорд и Бормут ги поделија бодовите, играјќи 2-2. Гостите по голот на Вилсон на пауза заминаа со минимална предност од 0-1, а домаќините веднаш на стартот на вториот дел по голот на Дини во 50. минута се вратија во егал. Во период од 62. до 65. минута остигнаа два гола, најпрво повторно поведоа Бормут, за да Суксес израмни на 2-2. Во 67. минута домаќините постигнаа и гол за целосен пресврт, но беше поништен поради офсајд.

На „Стадинот на светлоста“ фудбалерите на Сандерленд успеаа да стигнат до бод по голот на Ван Анхолт во 83. минута, кој израмни на 1-1. Претходно фудбалерите на ВБА дојдоа во водство со голот на Чадли од 35. минута.