• Иван Димовски
Фудбалерите на Фулам се радуваа во пресметката со Вулверхемптон (3-2), во последниот натпревар од 13. коло на Премиер лигата. Во драматичен натпревар, со многу борба на „Крејвен Котиџ“, бодовите останаа за домаќинот кој победи по четири рунди.
Само седум минути беа потребни за првиот погодок. Стрелец беше Алекс Ивоби, откако доби асистенција од Робинсон и рутински ја смести топката во мрежата за 1-0. Во првото полувреме „волците“ успеаја да дојдат до егал преку Матеус Куња. Течеше 22. минута кога офанзивецот остана подзаборавен на втората статива, доби нафрлување од Белегард и со глава погоди за 1-1.
Вториот дел понуди дури три пенали, од кои два беа за Фулам. Првиот беше во 59. минута кога искусниот бразилски интернационалец Вилиан стрелаше за 2-1. На спротивната страна шанса за израмнување од единесет метри Волвс доби во 75. минута, а сигурен егзекутор беше Хванк Хи-Чан со погодок за 2-2.
Кога сите чекаа крај на натпреварот, Фулам вторпат доби казнен удар. Одново топката ја зеде Вилиан и ударот го претвори во победоносен погодок (3-2).