ВИДЕО: Вила продолжи да се мачи, Брајтон со трите бода се одлепи од опасната зона

Велбек

Вториот меч во денешната програма од Премиер лигата исто така донесе гостинска радост. Брајтон прокнижи три бода на теренот на Астон Вила (1-2) и направи скок над опасната зона на табелата.

По една лоша поставеност на домашната одбрана, Адам Лалана испрати топка во празно до Дени Велбек. Поранешниот англиски репрезентативец истрча сам до крај и со прекрасен лоб обезбеди рано водство за гостите.

  • Извештај од натпреварот: 

Прекините беа шанса за тимот од „Вила Парк“, а по еден таков на стартот од вториот дел стигна израмнувањето. Конса се ослободи од својот чувар и остана сам на подалечната статива, па со прецизен удар го совлада Рајан.

Иако поголемиот дел од шансите беа на страна на домашните фудбалери, на крај Брајтон си замина дома со три бода. Десетина минути по погодокот за 1-1, Марч шутираше силно од работ на казнениот простор и ефектно го постави конечниот резултат.

Драма настан во надополнувањето, кога судијата Мајкл Оливер досуди на белата точка во корист на домашните играчи. Но, по прегледот на ВАР-снимката се премисли и ги израдува противниците, па резултатот остана непроменет.

Фантастичниот старт на сезоната за Астон Вила е минато, бидејќи по четирите врзани победи, екипата на Дин Смит запишаа три порази на последните четири меча.