Вила и Дортмунд испаднаа од ЛШ, но ќе се „утешат“ со голем финансиски колач!

Борусија Дортмунд и Астон Вила оваа година прикажаа солидно издание во Лигата на шампионите и стигнаа до четвртфиналето. 

Двата тима беа елиминирани од Барселона и од ПСЖ, но сепак клубовите ќе добијат утеха во големиот финансиски колач кој ќе го добијат за настапот во елитното натпреварување. 

Астон Вила ќе инкасира сума од 83,7 милиони евра, додека германскиот гигант ќе добие дури 102,2 милиони евра на своето салдо. Од друга страна, пак, ПСЖ само за пласманот во полуфиналето доби 15 милиони евра, исто колку и Барселона. 

Каталонците досега заработија 116,6 милиони од оваа сезона, а „светците“ од Париз имаат три милиони евра повеќе.