ВИДЕО: Вил Кин, автор на првиот гол во ерата на Мурињо во Манчестер Јунајтед

Младиот Вил Кин е стрелец на првиот гол на Манчестер Јунајтед во новата сезона 2016/17. На дебито на Жозе Мурињо на клупата на клубот од „Олд Трафорд“, Манчестер Јунајтед поведе на гостувањето кај Виган на почетокот од второто полувреме со голот на Вил Кин во 48. минута. На голот му кумуваше голема грешка на голманот на Виган.

Мурињо извади тим преполн со млади момчиња, бидејќи не настапи ниту еден фудбалер кој настапи на Европското првенство.