Вил го „блиндира“ Абази, напаѓачот потпиша до 2026 година

Еден од најталентираните наши млади напаѓачи, Луан Абази, и во следните три сезони ќе настапува во швајцарскиот шампионат. Репрезентативецот до 21 година потпиша нов договор со Вил до јуни 2026 година.

На Абази договорот му истекуваше ова лето, па Вил му даде целосна доверба, потпишувајќи втор професионален договор со клубот. Изминатата сезона Абази настапи на десет натпревари во Челинџ лигата и постигна еден погодок, баш на дебито во Купот на Швајцарија.

Абази е стандарден член на младата македонска селекција, а минатиот месеци против Ерменија и Малта даде голови во пријателските натпревари во Скопје. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.