Виктор Велкоски замина во албански Лачи

Македонскиот фудбалер Виктор Велкоски има нов клуб и ќе има втор интернационален ангажман, овој пат во Албанија.

25-годишниот дефанзивец по разделбата со Вардар најде нова средина и потпиша договор со Лачи. Доаѓа како слободен играч, а Лачи го избра пред домашните опции кои беа заинтересирани за него.

Велкоски претходно имаше странски ангажман во Грција, каде настапуваше за Егинакос. Другите клубови му се македонски, а покрај за Вардар, играше и за Работнички, Победа, Скопје, Љубанци и Пелистер.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.