Виктор Велкоски се врати од Грција и потпиша за Работнички

Кога ги започна подготовките за новата сезона, скопски Работнички најави дека преодниот рок не е завршен и дека петтопласираната екипа од сезоната 2018/19 ќе се засили до почетокот на новата сезона. 

Ново име во таброт на Работнички е Виктор Велкоски. 23-годишниот играч за врска потпиша едногодишен договор со клубот од Дебар Маало и треба да ја зголеми конкуренцијата во средниот ред. Тој веќе му е се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Александар Влахо.

Виктор Велкоски игра на позицијата дефанзивен играч за врска, а по потреба може да се снајде и во одбранбениот ред. Последните шест месеци ги мина во грчкиот клуб Егиниакос како интернационалец, а претходно беше дел од Вардар, Пелистер, Љубанци и Скопје.

Летово на Работнички му пристапија Хјунг-Јон Ли од Кореја, Дамјан Шишковски, Филип Стојчевски и Јаго Гомез, а на проба е и Бошко Паповиќ.