Виктор Валдес со титула и во Белгија: Неговиот Стандард победник на белгискиот Куп (ВИДЕО)

Стандард Лиеж

Фудбалерите на Стандард Лиеж во финалето на Купот на Белгија го совладаа Клуб Бриж со 2-1 (1-1). По бројните титули со Барселона, голманот Виктор Валдес, кој сега го чува голот на Стандард освои титула и во Белгија.

Финалето започна отворено и со шанси на двете страни. Први во водство од 0-1 дојдоа фудбалерите на Стандард по голот на Домпе во 17. минута. На 1-1 израмни Лиор Рафаелов во 27. минута со прекрасен гол од слободен удар.

Во 50. минута се чини се случи клучниот момент на натпреварот, а тоа е исклучувањето на фудбалерот на Бриж, Диаби. Фудбалерите на Стандард бројчената предност успеаа да ја искористат дури во 88. минута, откако Хрватот Сантини донесе водство од 2-1 и огромна радост на црвениот дел од стадионот. Денешната титула за Стандард е седма во нивната историја, а прва по 2011 година.