• Зоран Мишевски
Виктор Треневски е нов шеф на стручниот штаб на српскиот клуб Бежанија. Македонскиот стратег и поранешен репрезентативец официјално го презеде српскиот клуб. Ова е негов прв тренерски ангажман во српскиот фудбал.
Треневски доаѓа во Бежанија (која се натпреварува во Српската лига Белград) со високи амбиции за напредок на клубот. Проектот го води заедно со поранешниот фудбалер на Партизан, Срѓан Кнежевиќ. Како поранешен играч на Будуќност и Партизан, Треневски е добро запознаен со регионалниот фудбал, а претходно работеше како тренер во Словенија, Македонија и Црна Гора.
Треневски, најголемата афирмација ја доживеа во белградски Партизан, каде одигра 88 натпревари и постигна 20 голови. Во својата кариера настапуваше и за екипи како Будуќност, Пелистер, како и за словенечките клубови Олимпија, Копер и Драва.Репрезентација: За фудбалската репрезентација на Македонија забележа 17 настапи во периодот од 1997 до 2004 година.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк