• Мартин Танасковски
Македонскиот стратег Виктор Треневски ќе продолжи да работи во Црна Гора и во иднина ќе работи во второлигашката конкуренција во оваа земја.
Треневски во наредниот период ќе работи во Подгорица, каде ќе го води амбициозниот Ком, главен фаворит за кам-бек во фудбалската елита. Последен пат македонскиот стратег го водеше Дечиќ, а претходно беше дел од македонски Работнички, но откако не ги оствари посакуваните резултати двете страни го раскинаа договорот.
На тренерското столче на црногорскиот тим Треневски ќе дебитира идната недела на мечот со Отрант.