Виктор Ангелов по една сезона заминува од косовска Вуштрија

Поранешниот У21-репрезентативец на Македонија, Виктор Ангелов, во новата сезона ќе има нов клуб затоа што заминува од таборот на косовска Вуштрија.

31-годишникот имаше добра сезона на личен план, затоа што во една полусезона во кој се врати од повреда, успеа да постигне шест гола и да додаде уште четири асистенции во шампионатот. Но, Вуштрија не успеа да го мине баражот за влез во Суперлигата.

Ангелов дојде во Вуштрија како слободен пред една година, а претходно беше дел од романски Бузау и Волунтари, босански Широки Бријег, унгарски Ујпешт, како и македонските Брера Струмица, Шкупи, Работнички, Металург и Тетекс.

ФОТО: FC Vushtrria / Diar Neziri