Виктор Ангелов по една година има нов клуб во Косово

Виктор Ангелов, поранешниот репрезентативец на Македонија, по една година повторно игра фудбал и има нов клуб во косовската Суперлига.

30-годишниот Ангелов, кој беше дел од „златната“ У21-генерација која прва обезбеди место на Европското првенство, во моментов е дел од екипата на Вуштрија од Косово која се натпреварува во тамошната најдобра лига.

Последен клуб за Ангелов пред Вуштрија беше романски Бузау со кого раскина во февруари 2024 година. Претходно, офанзивецот беше дел и од романски Волунтари, босански Широки Бријег, унгарски Ујпешт, македонските Академија Пандев, Шкупи, Работнички, Металург и Тетекс.

Како младинец, беше дел и од погоните на германските бундеслигаши Шалке 04 и Борусија Дортмунд.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.