Виктор Ангелов на излезна врата од романски Бузау

Македонскиот фудбалер Виктор Ангелов голема е веројатноста во новата година да има нов клуб затоа што е на излезна врата од романскиот тим Бузау.

29-годишниот Ангепов дојде во романскиот второлигаш во месец јануари, но не се адаптира на средината. Договорот на двете страни е до јуни 2024 година, но голема е веројатноста да дојде до раскин и играчот да бара нова средина.

Ангелов е играч со богата биографија. Поранешниот У21-репрезентативец на Македонија покрај за Бузау играше и за Волунтари во Романија, Широки во БиХ, Ујпешт во Унгарија, како и македонските екипи Академија Пандев, Шкупи, Работнички, Тетекс и Металург.

Виктор Ангелов е роден во Германија, а како младинец ги мина школите на Дортмунд и Шалке 04.