Викендов се враќа Премиер лигата, но дербито на колото е одложено

Возбудувањата во Премиер лигата на Англија се враќаат овој викенд, откако минатиот беа одложени поради смртта на кралицата Елизабета Втора. Сите спортски настани на „островот“ наидоа на стоп, а веќе викендов се враќаат на терените. 

Сепак, осмата рунда на ова натпреварување нема да се одигра во целост. Дербито на колото меѓу Челзи и Ливерпул ќе добие нов датум, исто како и дуелот на Манчестер Јунајтед со Лидс, поради случувањата поврзани со смртта на кралицата. Исто така, нема да се одигра и мечот меѓу Брајтон и Кристал Палас, ама тоа е поради штрајкот на локалната железница. 

  • Распоред за натпревари во осмото коло на ПЛ:

Петок (16 септември)

Астон Вила - Саутемптон (21:00 часот)
Нотингем Форест - Фулам (21:00 часот)

Сабота (17 септември)

Вулверхемптон - Манчестер Сити (13:30 часот)
Њукасл - Борнмут (16:00 часот)
Тотенхем - Лестер Сити (18:30 часот)
Брајтон - Кристал Палас (одложен)

Недела (18 септември)

Брентфорд - Арсенал (13:00 часот)
Евертон - Вест Хем (15:15 часот)
Челзи - Ливерпул (одложен)
Манчестер Јунајтед - Лидс Јунајтед (одложен)

Челниците на Премиер лигата најавија дека во наредниот период ќе објават нов термин за трите натпревари кои нема да се одиграат според планот овој викенд.