ВИДЕО: Виган немоќен за нов подвиг, Саутемптон полуфиналист во ФА Купот

Екипата на Виган Атлетик не успеа да направи нов подвиг и да мине уште една фаза од англискиот ФА Куп. Некогашниот освојувач на овој пехар, застана во четвртфиналето, каде загуби од Саутемптон со 0-2 (0-0).

Второлигашот кој од ФА Купот го елминира Манчестер Сити добро му парираше на противникот, но во вториот дел прими погодок и се падна во вода.

По првиот дел без голови, резултатот го отвори Хојбјерг во 62. минута, а во 73. минута Габиадини имаше шанса да ја зголеми предноста, но голманот Валтон перфектно го прочита неговиот пенал. Во последните десет минути Виган се отвори и нападна, а откако не успеа да изедначи преку Пауел чиј удар беше расчитен од самата гол-линија, казната пристигна пред крајот кода Седрик погоди за конечни 0-2.

Во полуфиналето на ФА Купот има само премиерлигаши. Покрај Саутемптон, пласман во наредната фаза обезбедија Тотенхем и Манчестер Јунајтед, а се чека уште на победникот од дуелот меѓу Лестер Сити и Челзи.