ВИДЕО: Вието ги сопре „змејовите“, Спортинг ремизираше против шампионот

Првото големо соочување на екипите од големата тројка на португалскиот фудбал заврши без победник. Спортинг, без Стефан Ристовски во тимот, поведе, но на крај се сспасуваше од пораз против првакот Порто. Дуелот на „Жозе Алвеладе“ во Лисабон, во рамките од четвртото коло, заврши 2-2 (1-2) .

  • Извештај од натпреварот: 

Натпреварот беше многу нервозен, исполнет со жолти картони, а домашниот тренер Раул Аморим доби исклучување во последните моменти од првиот дел. Одлично почнаа „зелено-белите“ и со голот на Сантос, Спортинг поведе уште во деветтата минута. Следеше израмнета средишница од првиот дел, пред во последните мигови на полувремето Порто да приреди пресврт со два гола.

Урибе и Корона ги постигнаа головите за предност на „змејовите“ на Консеисао на полувреме. Вториот дел беше целосно хаотичен, двете екипи имаа многу шанси, а домаќините од пораз ги спаси Вието во 87. минута. 

Од ова реми може да профитира лидерот Бенфика, која може да побегне на +5 пред Порто, ако утре запише победа во Рио Аве.