Видиќ со поглед го „уби“ Сунес: „Зошто ме гледаш така , не сум во право?“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Ливерпул одиграа реми без голови во дербито на 27. коло на Премиер лигата, во натпревар во кој немаше голем број на фудбалски моменти. 

По средбата на „Олд Трафорд“ следуваше стандардната анализа на „Скај“, на која гости беа поранешни играчи на двете екипи. Домаќините ги застапуваа Немања Видиќ и Гери Невил, додека од страната на Ливерпул беа Џејми Карагер и Грем Сунес. 

Емисијата ја започна највозрасниот Сунес, кој истакна дека Ливерпул бил доминантен на овој меч, на што следуваше убиствен поглед од страна на Видиќ. Сунес во тој момент застана со својата анализа и го запраша Србинот зошто го гледа така, но Видиќ остана ладен и не му одговори. 

Целата ситуација можете да ја погледнете по 30. секунда од видеото што следува: