• Горан Упале

Македонскиот шампион Вардар на теренот „Титаник Лара“ во Анталија го одигра првиот контролен натпревар од зимските подготовки. За противник го имаше австрискиот бундеслигаш Волфсбергер, кој успеа да го совлада со 3-2 (1-1).
Во 33. минута од натпреварот резултатот го отвори искусниот бек на Вардар, Горан Попов, со топовски удар од 30 метри. За 1-1 на полувреме се потруди Австриецот Путче во 39. минута. Ново водство на Вардар му донесе Фредерик Нимани, кој на дебито погоди со одличен лоб удар во 68. минута. Три минути подоцна Драган Ќеран успеа да зголеми на 3-1. Конечните 3-2 беа дело на Исиака Уедраого во 88. минута од натпреварот.
Веќе за два дена Вардар го игра својот втор контролен натпревар во Анталија, кога силите ќе ги одмери со тимот на Вил.