ВИДЕО: Тричковски пак најдобар меѓу своите, АЕК Ларнака прокоцка сигурна победа

Македонскот репрезентативец Иван Тричковски учествуваше во акциите за двата гола на АЕК Ларнака, но неговиот клуб одигра само 2-2 против Аполон на домашен терен.

Тричковски изнуди автогол и беше дел од акцијата за уште еден домашен гол, но во финишот Папулис во 79. и на Да Силва во 88. минута постигнаа голови за реми за Аполон. 

АЕК Ларнака сега има три бода заостанување зад АПОЕЛ од Никозија на врвот во кипарскиот шампионат.