ВИДЕО: Тричко повторно стрелец, голеада на АЕК Ларнака

Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски одигра 79 минути и постигна гол во победата на АЕК Ларнака над Аполон со 6-1.

Тој погоди во 27 минута од мечот, а покрај него стрелци во победата на АЕК Ларнака уште беа: Тете, Алвес, Ларена, Митидис и автогол на Фреире.

АЕК Ларнака има 58 бода, еден помалку од лидерот АПОЕЛ. Тричковски веќе има четири гола откако во јануари се врати на Кипар.