ВИДЕО: Спектакуларен крај за Рожерио Сени

Легендарниот бразилски голман и член на Сао Паоло, Рожерио Сени, стави точка на неверојатната кариера, а како знак на благодарност, навивачите му приредија спектакуларно испраќање во пензија.

Повеќе од 60.000 фанови дојдоа на стадионот во Сао Паоло, за да го поздрават човекот кој целата сопствена кариера ја помина во клубот, кој го носи името на овој град.

Сени ќе биде запаметен како најдобар стрелец меѓу голманите на сите времиња, и се повлече од активното играње со постигнати 131 гол, многу повеќе од голем број на напаѓачи.