ВИДЕО: Рашворд го надмина легендарниот Џорџ Бест

На вчерашниот натпревар на Манчестер Јунајтед против Мидтјиланд, кој заврши со триумф на „црвените ѓаволи“ со 5-1, се појави нова светлина за тимот од „Олд Трафорд“ во името на Маркус Рашворд, кој постигна два гола.

Младиот напаѓач головите ги постигна на возраст од 18 години и 177 дена, со што го стигна за 41 ден претходниот рекорд на Џорџ Бест, кој во 1964 година постигна гол против шведскиот Ѓургарден. Тренерот Луј Ван Гал на реванш мечот имаше неколку тинејџери во својот тим, но беше принуден на тоа поради повреди на 13 играчи.

„Немав друг избор, Рашворд мораше да игра. На клупата седеше бидејќи беше идеална замена за Марсијал. Одигравме одлично, посебно младите играчи. Не беше лесно за Рашворд и Рајли поради тоа што мораа да дебитираат во вака важен меч. Но мислам дека направија голем чекор во развојот на нивните кариери“, изјави по натпреварот холандскиот тренер.

Дали по вчерашната прекрасна игра младиот напаѓач обезбеди место во тимот на Манчестер Јунајдет и во преостанатиот дел од сезоната, останува допрва да видиме.