ВИДЕО: Погодете од кој Македонец Кутињо го преслика голот од слободен удар!

Фелипе Кутињо постигна прекрасен гол за израмнување на неговиот Ливерпул против Вест Хем Јунајтед, но погодокот не им помогна на „црвените“, бидејќи примија гол во последната секунда од продолженијата и елиминирани се од ФА Купот (2-1).

Сепак, голот на Бразилецот е вистинско ремек дело, кое ќе нѐ врати во минатото и ќе нѐ потсети на многу слични голови постигнати од големи мајстори на фудбалската игра. Пирло и Роналдињо се дел од генијалците кои предвидоа дека наместо преку, може да се погоди и под живиот ѕид.

Но, со најголемо задоволство се потсеќаме на голот на нашиот репрезентативец Тони Мицевски на мечот Македонија - Турција (1-2) во 2001 година, кога дури и од поголема далечина го совлада турскиот голман Рушту со слободен удар во кој го надмудри живиот зид со топка испратена по земја.

Сега вие одлучете кој гол повеќе ви се допаѓа!